Протестот во Битола почнува во 13.30 часот, ќе зборува Мицкоски


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.

Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, кое само по себе е капитулација. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.

Протесниот марш во Битола ќе почне во 13:30 часот пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.

Предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1