Ако имате ксенофобично мислење дека мигрантите од Сирија никогаш нема да се вклопат во општеството каде што дошле дали ќе го промените мислењето ако ве потсетиме дека таткото на еден од најголемите визионери на 20 век всушност е мигрант од Сирија? Тоа е татко на Стив Џобс, основачот на Apple кој го создаде познатиот iPhone.
Таткото Абдул Фатах Јандали бил професор на Универзитетот во Висконсин кога ја запознал студентката Џоан Керол Шибле, мајка му на Џобс, Американка со германско потекло. Таткото на Џоан се противел таа да се омажи за сирискимигрант и затоа една недела по раѓањето Стив е даден на посвојување. Го посвоиле Пол и Клара Џобс коишто Стив отсекогаш ги сметал за негови родители.
Таткото на Џобс, Абдул Фатах „Џон” Јандали во Америка дошол од градот Хомс во Сирија во 1954, а последните години од животот работел како потпретседател на казино во Рино, Невада.