Проверете ги саксиите на тераса- во нив зимуваат нилските комарци – еве како изгледаат


Во гумите на авионите, камионите, автомобилите… тигрестиот комарец наоѓа одлична подлога да се вгнезди и да се пренесе речиси на секоја територија во светот. Најчесто женките ги положуваат јајцата во саксиите со цвекиња. Таму можат да остнат цела зима, бидејќи тие ја имаат можноста да хибернираат зиме.larva tigrest komarec

На Клиниката за детски болести веќе десетина дена е хоспитализирано петгодишно дете со симпотоми на западнонилска треска. Јавноста се прашува како е можно тигрест комарец да се појави во најстудениот месец од годината – јануари, кога се зане дека комарците виреат во топли услови и на температури од 20 до 25 целзиусови степени.

Експертите велат дека меѓународниот транспортот е најголемиот пренесувач , во гумите на авионите,камионите, автомобилите тигрестиот комарец наоѓа одлична подлога да се вгнезди.

– Во нашата средина многу лесно може да презими тигрестиот комарец, бидејќи во стадиум на пупа ја поминува зимата и најчесто живее во надворешна средина. Најчесто женките ги положуваат јајцата во почвата, многу често во саксиите со цвекиња. Таму можат да остнат цела зима, бидејќи тие ја имаат можноста да хибернираат зиме, пишува Вечер.мк

Центарот за јавно здравје од Прилеп вчера и денеска изврши дезинсекција на просториите каде живее тригодишното дете во Прилеп, кое беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје, заболено од западнонилска треска.

– Извршивме дезинсекција на просториите во кои живее детето и на околните објекти иако сега е период кога комарците, кои го пренесуваат вирусот на човекот, се во фаза на ларва и скриени во земја или влажни простори. Сепак преземени се тие превентивни мерки. Во ветеринарната служба е пријавено за присуство на птици и таму треба да преземат чекори – вели Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Инаку, тригодишното детето кое прво се лекувало во прилепската градска болница и кое на 20. јануари е хоспитализирано на Детската клиника во Скопје, сега е во општа добра здравствена состојба. Се утврди дека не патувало надвор од местото на живеење, а мајката негира убод од комарец.

Од Центарот информираа дека во соседството на две локации се чуваат птици, а на 20-тина метри постои стара, разурната куќа, во која постојат идеaлни услови за одржување и размножување комарци, но не може со сигурност да се тврди дека посочените птици се извор на вирусот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1