Предупредување: Вчера купивме јогурт од Битолска Млекара, оној розевиот со 2.8 масленост, кој иначе го пиеме секој ден по литар, веќе 4 години. Му ја наполнив чашата на Максим, и својата , почнавме да пиеме, но за среќа веднаш осетив дека нешто не е во ред па му ја земав на Максим од раце.
Јогуртот смрди на нафта, толку многу, што делува како да пиеш нафта. Јогуртот го купивме во Рептил,партизанска, карши Симпо, а ова ќе биде последен пат што купувам јогурт од Битолска. Веќе пријавив и кај нив, но се плашам дека некое детенце, ако не примети родителот, може сериозно да се затруе,бидејќи навистина немам појма што е со јогуртот.
Во меѓувреме и други граѓани од Гостивар и Виница велат дека го почуствувале истиот мирис, како и потрошувач кој купил од маркет во Тафталиџе тврди дека јогуртот имал чуден мирис, а се огласија и од Би Милк.
Еве што на профилот на Кристина одговорија од фејсбук профилот на БиМилк
Чупе Битолско Почитувана Kristina, ве молиме да ни испратите фотографија од производот каде се гледаат сериските броеви и датумот на овој јогурт, како и местото каде што е купен (претпоставуваме дека се работи за маркетот Рептил на ул. Партизанска, бидејќи Реплек маркет кај Симпо не постои) за да преку нашиот систем за следливост провериме за што точно станува збор.
Се надевеме дека вашиот коментар не е тенценциозен, и Ве молиме да не информирате дали истата рекламација сте ја доставиле до некој надлежен, до нашата facebook страна или нашиот Call Center: +389 2 31 30 500, или кого поточно сте информирале за оваа рекламација.
Воедно сакаме да ве повикаме вас и сите заинтересирани на отворена посета во Млекара и јавна дегустација на овој јогурт за да се уверите во неговиот квалитет, бидејќи не сакаме наши лојални потрошувачи како вас да имаат сомнеж во квалитетот и безбедноста на нашиот производ. Сите наши производи се со врвен квалитет според највисоки стандарди за квалитет со што се грижиме за нашите потрошувачи да добијат најквалитетни и здрави млечни производи. BiMilk како и досега ќе ужива во Вашите музички хитови и се надеваме дека и вие понатаму ќе уживате во нашите производи.