Проверете го пред да пиете – Јогуртот на Битолска млекара мириса на нафта?


Јогуртот смрди на нафта, толку многу, што делува како да пиеш нафта, напиша како предупредување до сите родители, на својот профил на фејсбук пејачката Кристина Арнаудова. Таа ова го пријавила и до Битолска млекара. Вработените биле многу љубезни и ветиле дека веднаш ќе проверат за што станува збор.

jogurt bi milk

Сепак Кристина го упати ова предупредување до сите мајки – додека не проверат производителите да си внимаваат и да го проверат јогуртот пред да им го дадат на своите деца.
„Редовно купував од тој јогурт со години, секогаш бил одличен, незнам што се случило сега, но што и да се случило моето дете замалку ќе испиеше јогурт кој има мирис на нафта и незнам дали е исправен или не“ вели Кристина.
Еве што вели таа во својот пост

Предупредување: Вчера купивме јогурт од Битолска Млекара, оној розевиот со 2.8 масленост, кој иначе го пиеме секој ден по литар, веќе 4 години. Му ја наполнив чашата на Максим, и својата , почнавме да пиеме, но за среќа веднаш осетив дека нешто не е во ред па му ја земав на Максим од раце.

Јогуртот смрди на нафта, толку многу, што делува како да пиеш нафта. Јогуртот го купивме во Рептил,партизанска, карши Симпо, а ова ќе биде последен пат што купувам јогурт од Битолска. Веќе пријавив и кај нив, но се плашам дека некое детенце, ако не примети родителот, може сериозно да се затруе,бидејќи навистина немам појма што е со јогуртот.

arnaudova jogurt

Во меѓувреме и други граѓани од Гостивар и Виница велат дека го почуствувале истиот мирис, како и потрошувач кој купил од маркет во Тафталиџе тврди дека јогуртот имал чуден мирис, а се огласија и од Би Милк.

Еве што на профилот на Кристина одговорија од фејсбук профилот на БиМилк

Чупе Битолско Почитувана Kristina, ве молиме да ни испратите фотографија од производот каде се гледаат сериските броеви и датумот на овој јогурт, како и местото каде што е купен (претпоставуваме дека се работи за маркетот Рептил на ул. Партизанска, бидејќи Реплек маркет кај Симпо не постои) за да преку нашиот систем за следливост провериме за што точно станува збор.
Се надевеме дека вашиот коментар не е тенценциозен, и Ве молиме да не информирате дали истата рекламација сте ја доставиле до некој надлежен, до нашата facebook страна или нашиот Call Center: +389 2 31 30 500, или кого поточно сте информирале за оваа рекламација.
Воедно сакаме да ве повикаме вас и сите заинтересирани на отворена посета во Млекара и јавна дегустација на овој јогурт за да се уверите во неговиот квалитет, бидејќи не сакаме наши лојални потрошувачи како вас да имаат сомнеж во квалитетот и безбедноста на нашиот производ. Сите наши производи се со врвен квалитет според највисоки стандарди за квалитет со што се грижиме за нашите потрошувачи да добијат најквалитетни и здрави млечни производи. BiMilk како и досега ќе ужива во Вашите музички хитови и се надеваме дека и вие понатаму ќе уживате во нашите производи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1