Во гаража на жителка во хрватскиот град Метковиќ е откриено големо гнездо на стршлени Според пишувањето на Слободна Далмација гнездото е формирано од кал во кое се сместени неколку илјади стршлени .
Овие инсекти се најголеми примероци во Европа кои можат да достигнат големина до 45 милиметри.
Стршлените се најопасни кога се иритираат со мафтање на рацете или со нагли движења на телото кога луѓето сакаат да ги избегнат, а за нив тоа е знак дека треба да се бранат и да нападнат.
Еден стршлен може да го боцне човекот неколку пати, затоа што за разлика од убодот од пчела или оса, тие го задржуваат осилото. Убодот на стршлен е појак и поопасен и може да предизвика силни алергиски реакции.