Проверка на работата на судиите на секои две години


Владата ги утврди новиот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите.

Цел на Законот за Судски совете внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

„Воедно се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето. Истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на Совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот и слично“, соопшти Владата.

Се додава дека со измените се зајакнува квалитативниот критериум во оценувањето на судиите и претседателите на судовите во однос на квантитативниот. Истовремено се направени и вградување на препораките од Венецијанската комисија дадени во последните изменувања и дополнувања на Законот за Судски совет во однос на транспарентното работење на Советот. Се внесуваат и измените предвидени согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Двата предлог-закони, за Судскиот совет и за судовите, Владата ќе ги достави до Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1