Една американка од сојузната држава Вашингтон за првпат во животот купила тикет за лотарија и освои 90 милиони американски долари.
Откако го освоила џекпотот на американската лотарија Powerball, Лиза Квам, која го купила добитното ливче од мала колонијална продавница во местото Оборн, јужно од Сиетл, изјави дека прво што ќе направи е да даде отказ во „Boeing“, каде што работела 25 години, и ќе си купи нов автомобил.
„Утрово им испратив електронска порака на колегите од работа и им напишав дека ми претставуваше задоволство што работев со нив, и да ги слушаат денешните вести за да сфатат зошто ова им го пишувам“, изјави Квам на прес-конференција.
Квам и нејзиниот сопруг купиле два тикета од лотаријата Powerball на Денот на благодарноста кога вообичаено биле во купување весници и мастраф за традиционалната празнична пита.
Сé уште не одлучила дали сумата ќе ја подигне во еднократна исплата со што таа би се намалила за половина, или полниот износ ќе го зема на рати во следните 30 години.
Шансите да се добие џекпот на Powerball изнесуваат 1 наспроти 175 милиони.