Вознемирувачко Фото: Брутално претепана пред својата ќерка


Ужасни слики пристигаат од Аргентина, каде што 33 годишна мајка, заедно со својата мала ќерка, при враќање од стадион, каде што го проследиле дербито помеѓу Риверплата и Бока Јуниорс, таа носела на себе дрес од Риверплата, па била грубо нападната од група фанови на Бока Јуниорс, кои разгневени од поразот на нивната екипа, посегнале по лицето на оваа девојка.

zzee-630x395

33 годишната жена, или девојка, по име Лорена Сабио од Буенос Аирес, била пресретната од група на фанови кои навиваат за Бока Јуниорс кога по натпреварот се враќала кон својот дом, и бидејќи Риверплата триумфирала во дербито, група на фанови, кои биле разгневени, ја нападнале 33 годишната жена, која што сведочи за ужасните слики.

„Имавме одличен ден со ќерками, нашиот тим победи во дербито, потоа одејќи кон нашиот дом, не пресретна група фанови на Бока, едниот силно ме удри по глава, и откако паднав, ми рече да не мрдам од земјата и да не викам полиција бидејќи ќе ја платам цената за поразот на Бока. Тие ми се заканија кон семејството и ми рекоа да молчам, но што можат да ми направат повеќе од ова? Ми го уништија лицето“, изјави 33 годишната Лорена Сабио.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1