Прв во светот Bixby уред – Еве зошто вашиот нов мобилен треба да биде Самсунг Галакси С8


Конечно пристигна Самсунг Галакси 8 кој претставува нов голем скок во мобилната технологија. Телефонот кој е веќе достапен, го разбранува пазарот на паметни телефони, носејќи голем број надградби и подобрувања.
Ова можеби е совршен изговор за вас вашиот следен мобилен телефон да биде Самсунг Галакси С8, но еве што треба да знаете:
1) Има нов неверојатен екран
Гледањето на најновата епизода од вашата омилена серија стана уште подобро благодарение на бескрајниот екран (Infinity Display) од 5.8 инчи на Галакси С8. Самсунг се ослободи од „Home“ копчето кое што вообичаено го имаат поголемиот дел од телефоните, овозможувајќи огромен екран од 2960×1440 пиксели на С8, притоа без да не завзема многу место во вашиот џеб.
2) Надградената камера нуди зголемена заштита
Приватноста е голема важност за гаџетите кои содржат голем дел од вашите лични податоци. Безбедноста на С8 е зголемена благодарение на скенерот на зеницата на окото којшто го има на предната камера и ви овозможува да го отклучите телефонот. Новиот Галакси С8 има и 12MP Dual Pixel задна камера која овозможува најдобри фотографии во услови на слабо осветлување, најдобар зум и заштита од заматени фотографии за да добиете уште подобри фотографии на кои сите ќе ви завидуваат.
3) Прв во светот Бигзби (Bixby) уред
Галакси С8 го одбележува пристигнувањето на целосно новиот „личен асистент“ на Самсунг. Гласот го активира софтверот за да може да собира информации, да ги следи вашите интереси и новости, па дури и да ви помогне да купувате со неговата технологија за распознавање на продукти и слики.
4) Работи со широкиот спектар на уреди за виртуелна реалност на Самсунг
Галакси С8 е повеќе од телефон! Тој е и екран за виртуелна реалност кога се поврзува со Самсунг Gear VR помошниот контролер, лансиран од Окулус (Oculus), кој доаѓа во комплет со контролер со сензори при движење за уште поголема контрола. Исто така, со Галакси С8 можете да ги снимате вашите импресивни видеа, со помош на Gear 360 камерата, која снима со 15 мегапиксели во 360 степени за да ги зачува сите мигови не дозволувајќи ви да пропуштите нешто и притоа овозможувајќи ви за миг да се чувствувате како тоа видео да е вашата реалност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1