Возачот на автобусот: по несреќата: „Имам кошмари, слушам како луѓето бараат помош“


Возачот на автобусот кој на пружниот премин Доња Митрова, се судри со воз не може да ги прежали патниците и секоја ноќ ги сонува настраданите.

Милан Здравковиќ, 32-годишниот возач на автобусот на „Ниш екпрес“ кој на 21. декември на релација Ново село-Ниш удри во воз не може да се помири со она што се случи. Во несреќата загинаа 7 лица, а 29 се повредени.

Тој е пуштен од притвор, во кој се наоѓаше од 31. декември минатата година.

-Би го дал животот да можам да го вратам времето и животот на лицата кои настрадаа. Никој освен мене не може да сфати во каква психичка состојба сум и што преживувам – вели Здравковиќ.

Вели дека се физички ќе преброди, но не може да ги заборави сликите од тртагедијата, која како што објаснувал, се случила изненадно.

-Беше само удар, барање помош од ранетите, на сите страни крв и тела. Тоа го сонувам секоја вечер, се будам скокам за да помогнам некому, а потоа сфаќам дека и самиот пднав меѓу повредените, дека бев во вештачка кома – раскажува воззачот.

Тој тврди дека некогаш помислува да оди кај семејството на повредените и настраданите.

-Помислувам да заминам, да се извинам, да побарам сочувство. Иако знам дека тоа не може никого да врати. Мислам дека тоа е човечки, а потоа нека ми пресудат. Ако некому нешто значи, јас не само што сакам, туку и чувствувам дека морам, барем на овој начин, да се извинам и да сочувствувам со нивната болка – вели Здравковиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1