Прва кардиоваскуларна операција во новата болница Филип втори на др Жан Митрев


Македонската медицина напреднува во стандарди, болници и знаење. Денеска и официјално започна со работа Специјалната болница Филип Втори, со цел да спасат уште животи.filip bolnica

Д-р Жан Митрев започна со операции во новата Специјална болница Филип Втори. Првиот пациент во ново отворената болница „Филип Втори“ е 60 годишен виничанец . Кардиохирургот Митрев во позитивен дух верува дека довербата и квалитетот останува и во новата болница.

Истовремено д-р Митрев потпиша и договор со хрватскиот авионски оператор “Аир – Панонија”, кој врши медицински транспорт на пациенти низ светот. Со овој чекор Специјалната болница „Филип Втори” ќе овозможи транспорт за најтешко болните пациенти кои во еден ден ќе се пренесат, ќе им се направи дијагноза и оперативен зафат.zan mitrev

– Ние нудиме една врвна услуга која не заостанува во однос на високо развиените земји, имаме конкуретна цена за медицинската услуга и наместо да одат на друго место можат да дојдат во Филип Втори, вели д-р Митрев, и посочува дека со ова на болницата и се отвора нова страница во развојот на македонскиот медицински туризам.

На потпишување на овој договор присуствуваше реномираниот храватски професор д-р Драган Приморац, педијатар генетичар – форензичар, претседател на Управниот одбор на Специјалната болница “Св. Катарина”од Хрватска .dr Mitrev i dr Shranc copy(1)

Неговото присуство го означи и стартот на заедничката соработка меѓу двете реномирани здравствени установи “Св. Катарина” и “Филип Втори”. Тоа значи извоз на македонското медицинско знаење во земјите на ЕУ и уште еден чекор во развојот на медицинскиот туризам .

Почесен гостин беше Нејзината Екселенција, г-ѓа Данијела Баришиќ, амбасадорка на Р. Хрватска во Р. Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1