Од денес нов температурен шок


Времето денес претежно сончево и топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 а максималните од 19 до 27 степени. УВ индексот ќе биде 7.prolet drvo sonce

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 5, а максималната до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината. Максималната температура во средината на неделата ќе се движи од 23 до 29 степени. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од југозападен правец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1