Прва помош: Како да помогнете при повреда од петарди – очи, раце, изгореници (Видео)


Обично станува збор за поблаги повреди како исеченици, гребнатинки и изгореници од полесен степен, но за жал, има и посериозни повреди каде страда кожата, рацете, прстите, ушите, односно слухот, лицето и очите.

petarde

Секоја Нова година и околу празниците, на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Ургентниот центар, по десетина деца завршуваат со повреди на рацете и лицето предизвикани од неправилна употреба на пиротехнички средства. Повредите на рацете и на лицето предизвикани од петарди или огнено оружје се чести во овој период на годината. Изгореници, контузии па дури и ампутации.

Статистика – секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.

Посебно се опасни експлозивните направи кои децата сами ги прават. Тоа се најчесто стаклени шишиња во кои децата ставаат експлозив и тогаш ги активираат на одредена оддалеченост. Бидејќи доаѓа до распрскување може да доведе до уште потешки повреди од стакло.

1357072542-petardeСТРАДААТ ОЧИТЕ

Поради петардите често страдаат и очите, и да ја фрлите петардата при екплозијата делови мали ,,шрапнели,, можат да ве погодат во окото вас или некој во чија близина ќе пукне петардата. Некогаш повредите се многу посериозни од обични изгореници на капаците, освен што може да се повредат надворешните делови на окото, може да ја оштетите и рожницата.

ПРВА ПОМОШ

Поради тоа што најчести повреди се изгорениците, повреденото место од изгореници што побрзо треба да се излади под млаз на студена вода или на изгореницата да се стави мокра студена крпа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1