Пукате петарди во зграда, двор, плоштади – казна од 200 до 500 евра, за родителите 800


Мислејќи на забава може да останете без прсти, без цела дланка, без око – повредите од петарди знаат да бидат навистина сериозни и воопшто не е важно дали мислите дека внимателно ракувате со нив или не.

Секоја Нова година и околу празниците, на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Ургентниот центар, по десетина деца завршуваат со повреди на рацете и лицето предизвикани од неправилна употреба на пиротехнички средства. Повредите на рацете и на лицето предизвикани од петарди или огнено оружје се чести во овој период на годината. Изгореници, контузии па дури и ампутации.

1357072542-petarde

Освен тоа дали сте знаеле дека од петардите може да ја обоите кожата во зелено – и со месеци да не можете да ја опоравите? Имено доколку во петардите има флуоресцентни честички за да се добие подобар ефект при експлозијата – тие честички  навлегуваат под кожата и ја бојат, таа станува зелена. многу е тешко целосно да ги извадите тие честички, бидејќи се како црни иглички.

Дека децата ни се загрозени говорат и сведоштвата по форумите за тоа дека обично пукање на петардите не е интересно, па прават дополнителни ОПАСНИ експерименти со нив. Еве дел од прикаските

,, Помала кога бев, особено во основно, секоја НГ имав ранец полн со разно разни петарди. Ептен ми беше задоволство да пукам. Се глупирав понекогаш, ќе ја запалев петардата во уста како да е цигара и само ќе пуштев да падне. Па беееегааааајј. Една НГ толку многу пукав со петарди што жуљеви ми се направија на прстите, особено на палецот поради упаљачот.,,

petarde

,, Како помал памтам…пукавме доста петарди ќе се соберевме неколку другири…и фрлавме низ цела улица…од дома им баравме пари и собиравме сите да собериме за да купиме цело пакетче…незнам што толку ми било интересно…ама ете сме се радувале и добро сме поминувале…за среќа никој од нас не се повреди иако правевме доста опасни експерименти со нив.,,

,, Кога бев помала, на татко ми еден пријател земал цела кутија петарди божем сите да ги пали и ги фрли во истовреме. Арно ама незнам како целата кутија со петарди му пукнала во рацете. Двете раце лом арно прстите што не отидоа. Кога отишол татко ми има што да види крв насекаде петарди наоколу човекот плачел а рацете мислиш месото го немало.Катастрофа и жално навистина, не се петарди за секого.,,

Инаку освен што можете да останете инвалид пукањето петарди може да ве удри и по џебот.

dete petarda

“Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години, а родителите на малолетниците што не навршиле 14 години ќе мора да платат од 600 до 800 евра, доколку нивните деца пукаат петарди”-велат од секторот за превенција.

Петардите и натаму се најприсутни на зелените пазари, а се повеќе се продаваат и во близина на училиштата, бидејќи токму децата се најредовни купувачи. Инаку, во Македонија увозот на пиротехнички материјали е забранет, што значи дека ниту едно физичко лице не смее да внесе распрскувачки материјали.

Продажбата на петарди е нелегална, токму поради тоа и нема контрола од каде доаѓаат, колку се стари, дали се исправни или пак ќе ви експлодираат во рака. Согласно статистиката, секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1