За три дена се докажани уште 18 нови случаи на свински и на сезонски грип, или има вкупно 40 случаи на грип
На Инфективната клиника вчера попладне почина 62-годишен маж од Тетово со дијагноза на свински грип. Тој претходно имал неколку хронични заболувања и за нецел ден откако бил итно префрлен од тетовската болница, и покрај укажаната терапија, вирусот го усмрти.
Во животна опасност е и четиригодишно девојче од Скопје, кое е на интензивно лекување на Инфективната клиника. За три дена се докажани уште 18 нови случаи на свински и на сезонски грип, или има вкупно 40 случаи на грип.