Неочекувано ниските температури во Чешка ја земаа првата жртва.
Ладното време и снежните врнежи кои од вчера ја зафатија земјата биле фатални за 45-годишен маж од градот Табор во јужниот дел на земјата.
Според Службата за итна помош, мажот кој бил пронајден како лежи на тротоар имал телесна температура само 22 степени Целзиусови и починал од хипотермија.