Првата фабрика за дрога во Србијa: Секси русокоса (25) со нејзиниот татко штанцала екстази


Ненад Станковиќ викан Чоки (46) од белградската населба Ресник неговата ќерка Тијана (25) се главни организатори на криминалната група која се бавела со производство на екстази.

Групата е откриена вчера кога припадниците на Министерството за внатрешни работи во соработка со Обвинителството за организиран криминал спровеле успешна акција каде открија прва лабораторија за производство на ектази на подрачјето на Србија.

Судејќи според Фејсбук профилите на осомничените, Тијана е атрактивна девојка, која во последната година значително го менувала физичкиот изглед, па така од русокоса со кратка коса дошла до фатална бринета, како што е на фотографијата објавена само 12 саати пред да биде уапсена.

Полицијата запленила 96.000 таблети екстази (вкупна тежина од 42 килограми), 10 килограми екстази подготвени за таблетирање, 80 килограми микрокристални целулози, за производство на екстази и 840 грама марихуана.

Во акцијата на полицијата уапсени се пет лица: Н.С. (1971), Т.С. (1993), А.М. (1987), М.Ц. (1982) и С.П. (1987) поради постоење основа на сомнение дека извршиле кривични дела здружување поради вршење на кривични дела и неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Погледнете ја снимката од апсењето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1