Многу ми е тешко и во овој момент многу би ми значело да се слушне вистината, вели за српски Курир Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (32).
-Што да ви кажав во овој момент. Многу ми е тешко. Изгубив се на овој свет, вели Зоран во првата изјава по пуштањето од полиција.
Тој за прв пат ја отвора душата.
-Во овој момент многу би ми значело да се слушне вистината. Многу ме болеа некои натписи во медиумите. Ако, ќе пројде и тоа. Полицијата професионално ја работи својата работа. Максимално се вклучени и посветени на овој случај. И затоа не и сакал да сметам во истрагата. Само да се најде убиецот на мојата сопруга, да се открие вистината. Ве молам да ме разберете, се уште не смеам да зборувам за убиството, вели Зоран.