Првата пратка од вакцината на „Фајзер“ стигна во Србија


Во Србија пристигна првата пратка од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“. Како што јавија српските медиуми, во оваа пратка што пристигна утрово на белградскиот аеродром има 4.800 дози од вакцината, а први ќе ја примат лицата од старските домови

Пред четири дена Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија даде согласност за увоз на вакцината на „Фајзер“.

Националниот координативен тим за имунизација против Ковид-19 денеска ќе ја одржи првата седница на која треба да го донесе Оперативниот план за подготовка и спроведување на имунизација на населението.

Во Србија од почетокот на епидемијата се потврдени 303.747 случаи на Ковид-19 и 2.733 смртни случаи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1