Првата жена во светот која остана бремена со вештачка матка – го загуби бебето


Турчинката Дерја Серт, која во август 2011 година стана првата жена во светот со вештачка матка, по што беше оплодена со методот „ин витро“, го загуби плодот во осмата недела од бременоста.

Derya SertВо соопштението на болницата „Акдениз“, каде се следела состојбата на Серт, се наведува дека нејзината бременост морала да биде прекината откако е утврдено дека плодот нема срцева реакција. Пациентката е пуштена на домашна нега, а нејзината здравствена состојба е добра.

Во март лекарите успешно имплантираа во трансплантираната матка на 22-годишната Серт неколку ембриони, добиени преку вештачко оплодување „ин витро“ на јајце-клетки на жената со сперматозоиди од нејзиниот сопруг.

Успешното раѓање на бебето на младата Турчинка ќе им влееше надеж на жените кои се родени без матка или им е отстранета како резултат на болест. Според статистиките една на 5.000 жени во светот се раѓа без матка.

Сензационално: Првата жена со пресадена матка е бремена (Видео/Фото)

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1