Абдеслам на 14 ноември 2015 година во 9.45 часот бил снимен од надзорна камера на бензиска пумпа во северна Франција, само неколку часа по масакрот во Париз во кој беа убиени 130 луѓе.
Тој бил заедно со Хамза Ату, кој е осомничен дека им помагал на напаѓачите и кој, наводно, го одвел назад во Белгија. Тие не се ни обиделе да ги сокријат лицата од камерите.
Во меѓувреме, полицијата го уапси Ату, како и Мохамед Амри, кој, исто така, се смета за помошник на терористите.
Абдеслам во три наврати избегнал апсење затоа што во моментот на контролата не бил осомничен. Неговиот брат Брахим се самоубил за време на нападот пред кафуле активирајќи бомба што ја носел на појасот.