По гинеколошките прегледи во Клиничкиот центар во Ниш, неофицијално, било утврдено дека Малчанскиот бербер не извршил обљуба врз киднапираното девојче Моника Каримовиќ, пренесува Курир.рс.
Според овие информации, Моника немала видливи повреди кои би укажувале на тоа дека е жртва на силување или сексуално злоставување.
Од Клиничкиот центар, информирале дека по првите тестови, ќе следуваат и понатамошни проверки и разговор со психолог, кој дополнително ќе треба да ги потврди овие информации, јавува Курир.
Моника Каримовиќ беше денеска пронајдена, по потрага која траела десетина дена.
Според првичните информации на српските медиуми, 12-годишната Моника е во стабилна состојба, комуницира со докторите, но е во тежок шок, со видливи повреди по целото тело.