Првите вакцини пристигнуваат – АМА НЕ ДЕНЕС! Одложено е


Македонија попладне требаше од Србија да ги добие првите вакцини. Контигентот од 8000 фајзер вакцини српскиот претстадател Вучиќ требаше лично да му ги предаде на премиерот Заев на Табановце.

Заради потребата од усогласување на техничка документација се одложува за следните денови доставувањето на вакцините од Србија, извести пред полноќ владината прес – служба.

„Известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за четврток на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме“, се наведува во соопштение од Владата до медиумите.

Со речиси идентично соопштение за одложувањето доцна вечерта јавноста ја информира и кабинетот на претседателот на Србија Алекснадар Вучиќ.

Вакцините кои Србија од своите резерви ги отстапува за Македонија требеше денеска да пристигнат преку граничниот премин Табановце, а на церемонијата на примопредавање беше планирано да присуствуваат премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Пред нешто помалку од еден месец во телефонски разговор Вучиќ на Заев му понуди вакцини, но целиот процес беше одложуван од технички причини.

„Антиковид-вакцините на ‘Фајзер’ кои нѝ ги отстапи Србија, а неколку недели чекаа на одобрение од производителот за да влезат во земјава, ќе бидат првите осум илјади дози со кои и кај нас ќе почне имунизацијата“, вели Владата во сооштението.

Во текот на следните денови се очекува и испорака на нови 200 илјади дози на вакцини од Кина, за кои беше потпишан договор во понеделникот.

Во втората половина на месецов се очекува да пристигне и директната нарачката од 5 850 вакцини на Фајзер. Премиерот се надева дека ќе проработи и Ковакс програмата преку која треба да се испорачаат вакцините на АстраЗенека, Модерна и Фајзер и пакетот на ЕУ за набавка на вакцини.

Секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборуваа дури и за авансно плаќање…

Заев посочи дека системот е целосно подготвен за процесот на имунизација. Протоколите се направени, а првите вакцини ќе ги примат здравствените работници во Ковид центрите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1