Прво успешно вештачко оплодување на слон


Зоолошката во Виена денеска соопшти дека за прв пат успешно реализирала вештачкото оплодување со помош на сперма на слон кој живее во дивина.

Оплодена е слоница стара 26 години по име Тонга, која потекнува од Африка, а живее во зоолошката во Шенбрун. Користената сперма пак потекнува од слон од јужниот дел на Африка.
„Ова е прва успешно вештачко оплодување со сперма на жив мажјак, кој живее во дивина. Ова е нешто навистина посебно“, изјави портпаролот на најстарата зоолошка градина во светот, кој се наоѓа во познатиот двор во Шенбрун.

До сега имаше два обида на вештачко оплодување во кое е користена замрзната сперма на еден слон со потекло од Африка и друг со потекло од Азија, но фетусите не успеаа да се одржат ниту во двата случаеви.
Вештачкото оплодување на слоницата Тонга е извршено во соработка со оддел na Лајбницовиот институт за проучување на диви животни, кој што соработува со зоолошката градина во Бовал во Франција и во Питсбург во САД.
Слоновите 22 месеци ги носат своите млади, а младенчето на Тонга би требало да се роди за 13 месеци.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1