Шведскиот принц изел ќотек во бар во Кан ( Видео)


Шведскиот принц Carl-Philip, кој има бурен ноќен живот, имал инцидент пред клубот ,,Baoli,, во Кан Франција.

Според информациите, во 3 часот наутро, додека излегувал од брот тројца мажи го нападнале без причина. Инцидентот бил снимен и со мобилен телефон од некој од очевидците.

Шведскиот принц заработил неколку шлаканици, буткање и клоцање, а во тепачката се вмешала и неговата девојка, екс модел Софија Хелквист. За среќа, 33-годишниот кралски потомок минал без повреди, а кралското семејство го издало следното соопштение.

,, Принцот Карл Филип бил жртва на неиспровоциран напад од страна на непознати лица додека со својата сопатничка бил во бар, ноќта на 11 август.  Принцот се чувствува добро со оглед на околностите и не добил никакви повреди од инцидентот.,,

Единствениот син на кралот и на кралицата не е непознат за таблоидите. Во последно време наголемо се пишува за неговата врска со контраверзната Софија која пред да биде во врска со принцот се сликала топлес, се бакнувала со порно звездата Џена Џејмсон.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1