Првото бебе во 2014 г. е родено во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Истото е машко бебе , тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри, од мајка Чолакова Оља ( род. 1987 год.), на која ова и е второ дете .
Денес мајката и бебето ќе бидат посетени од Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. На првороденчето, градоначалникот Трајановски ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.
Zdravstvo24.mk