Птиците можат да предвидат природни катастрофи – еве ги знаците


Златокрилиот славеј, е вид на американска птица пејачка, способна да предвиди природна катастрофа, како што беше бурата, што во април годинава се случи во државата Тенеси, умртвувајќи 35 лица.

Проучувајќи ги овие мали птици преселници, истражувачите заклучиле дека тие го напуштаат своето гнездо за размножување два дена пред невремето.

ptici

За пет дена, славејчињата прелетале 1.500 километри со цел да најдат засолниште од бура, востановиле научниците чија што студија е објавена во американското списание „Current Biology“.

– Најчудно е што птиците го напуштале местото на живеење, пред доаѓањето на торнадото, изјавил Хенри Стреби, еколог од Универзитетот Калифорнија во Берклиј.

– Во моментот кога на нас предупредуваат метеролозите дека надоаѓа невреме, птиците веќе го напуштаат овој крај, додава Стреби.

За разлика од луѓето, овие птици можат да слушаат инфразвуци – звуци од исклучително ниски френкфенции чии што чести извори се метеролошките турбуленции.

– Метеролозите и физичарите одамна знаат дека бурата пратена од торнадо, произведува силни бранови кои патуваат илјада километри, на фрекфенции кои птиците можат да ги регистрираат, одјаснува Стреби.

Истражувачите. исто така, покажуваат дека птиците кои секогаш следат исти миграциони насоки понекогаш, кога е тоа потребно, патуваат и надвор од перидот на преселба.

Ова шесто сетило е многу важно за опстанок на птиците, особено во условитена глобално затоплување, кога интензитетот на бурата е поголем, истакнуваат научниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1