Бобан Ивановиќ, припадникот на специјалните единици на македонската полиција, кој го загуби животот во полициската престрелка со терористичката група во Куманово, замина во смрт со верување дека „брзо ќе заврши“ и ќе се врати кај семејството.
Тажната вест го затекна семејството Ивановиќ кога колегите на Бобан зачукале на вратата на семејната куќа во селото Стајковци. Знаеле дека им носат тажна вест. Тој ден, на заминување на семејството му рекол дека оди на задаќа во Куманово. Бил краток: Некои таму пукаат, плашат народ, брзо ќе завршиме. Се испостави дека не се работи за ситни криминалци, туку за група на ОВК од Косово.
– Синоќа ни јавија дека Бобан загинал. Сестра ми е многу лошо, не може да зборува. Не знам што да ви кажам, страшна трагедија за семејството, изјавила за Блиц балдската на убиениот полицаец. Бобан беше припадник на Единицата за брзо распоредување