СЕКОЈА ЧЕСТ: Полицијата пукала само во куќи од кои се пукало – зоната точно се гледа


Целата зона на судир е точно препознатлива, небаре обележана и заокружена и како со хируршки нож отсечена и одвоена. Иако се работи за исклучително густо населена зона во центарот на градот во која куќите се на два и на три ката, мал е бројот на оние што се оштетени. Куќа до куќа… Едната оштетена од рафалите и однатре и однадвор, а веднаш до неа куќа што воопшто не е оштетена, пишува Нова Македонија

DSC_0028-copy1

И невешто око ќе забележи дека куќите во кои имало вооружени лица што отвориле оган врз полицијата се токму оние што се забележливо оштетени од оружената престрелка, која била жестока од двете страни. Материјална штета има, меѓутоа ако се има предвид дека престрелката траела речиси два дена, тогаш станува појасно како е можно толку да бидат оштетени објектите.

Но она што исто така паѓа в очи е дека соседните куќи на оние десетина-петнаесет куќи каде што било жариштето на жестокиот оган на утврдените учки се речиси нечепнати, што од своја страна укажува каква била реакцијата на полициските сили. Нема траги на неумереност, неселективност на огнот на безбедносните сили. Напротив. Очигледно е дека од страна на полицијата е пукано само во оние куќи од кои доаѓале истрели од страна на вооружената група.

Наспроти некои поранешни слични искуства од блискиот регион, кога полицијата дејствувала без некоја посериозна контрола, без селективност, каде што имало и масовни цивилни жртви како колатерална штета, односно се случувало да има и несакани последици, овој пат тоа изостанало.

Според она што можеше да се види, се дејствувало само врз групата терористи што смислено дошла во оваа густо населена зона, се вгнездила во дел од куќите и подоцна кога беше лоцирана од полицијата возврати со жесток оган. Паѓа во очи специфичниот терен во кој се одвивал судирот. Тесни улички, високи ѕидови и огромни железни порти, прозорчиња како пушкарници на сите ѕидови, капиџици и тесни тунелчиња за преод од двор во двор и од куќа во куќа и секако балкончиња на таванските простории, кои даваат исклучителен преглед на околните куќи и улички.

Се добива силно чувство дека не би сакале да се најдеме во кожата на полицијата во врeмето и местото на судирот. Не се знае кој од каде ќе изникне и припука од страна на терористите…

Целиот текст прочитајте го на НОВА МАКЕДОНИЈА

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1