Две лица се повредени пред малку откако во нив пукал вооружен маж, дознава Курир.
Инцидентот се случил во селото Луковица, Македонска Каменица. Според првичните информации до кои дојде Курир, повредените се наоѓаат надвор од животна опасност, а напаѓачот е приведен.
Од полицијата за Курир потврдуваат дека имало пукање, но не откриваат повеќе детали. Велат, увидот е во тек, а по завршување на истиот ќе бидат познати повеќе информации.