ФОТО: Не ја отворајте оваа порака на Фејсбук – хакери ќе ви го преземат профилот!


На популарната социјална мрежа Фејсбук повторно кружат пораки кои имаат за цел да ви го хакираат профилот и ја преземат контролата врз него. Имено, станува збор за лажни пораки кои наводно ви ги праќаат вашите пријатели, а всушност зад нив стојат хакери.

facebook virus

Во пораката вашите пријатели наводно ќе ве замолат да посетите одреден линк и лајкувате нешто за да им помогнете да победат на некој конкурс,  добијат некоја награда

Со кликнувањето на линкот од пораката автоматски ќе бидете префрлени на сајт кој по дизајн наликува на Фејсбук со стандардни полиња во кои е потребно да внесете меил  и шифра. Станува збор секако за лажен сајт, што ќе видите и сами ако ја погледнете адреса. Доколку мислите да се пријавите на Фејсбук, и ги внесете податоците, сајбер криминалци во истиот момент ќе ја дознаат вашата шифра и ќе преземат контрола врз вашиот профил.

Screenshot500

По тоа тешко дека ќе успеете да си го вратите профилот, освен доколку не сте поставиле дополнителна сигурност во вид на мобилен телефон или уште една меил адреса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1