Потресна исповед на Македонец: Татко ми ме направи инвалид за грст шеќерчиња!


Татко ми ме направи инвалид за половина килограм шеќер, беа првите зборови на Киро Оџаклиев од населбата Лисиче во исповедот за весникот Нова Македонија. преку оглас во весник „бара помош и добри газди за да заработи за парче леб“ напишал дека живее во надеж дека на овој свет сѐ уште има добри луѓе.

Фото - Нова Македонија

Фото – Нова Македонија

– Што да правам. Гладен сум, морам да работам. Но никој не се јавува на огласот. Ете, овде живеам. Тоа ми остана од мојата 45-годишна работа. Студено е. И на минус 30 греалката ќе ја вклучам само на една прачка. Не смеам повеќе, не можам да ја платам струјата –  кажува Кире.

Ги симнува панталоните и ги покажува белезите од операциите на двата колка.

– Еве што ми остави мојот татко. На дванаесет години добив ќотек од него што го паметам цел живот. Татко ми донесе пет вреќи шеќер и ги скри во шупата. Си играв како дете и ги најдов вреќите. Џебовите ги наполнив со коцките шеќерчиња и излегов на улицата. Им раздадов на другарчињата. Кога виде татко ми почна да ме тепа. Ме удираше секаде со раце. Паднав на земја, а тој продолжи со ќотекот. Почна да ме клоца. Удираше секаде по телото. Носеше чевли со шпицови и тврди ѓонови. И заврши работа. Ме повреди во колкот, кој собра вода и почнаа моите маки во животот – ни рече Киро, со што ја почна својата животна приказна.

По тешкото детство се вработува во една загрепска фирма како молер. Почнал да заработува и купил барака во Шуто Оризари во Скопје во 1978 година, но животот повторно му се искомплицирал. Повторно морал на операција.

– Кога виде до каде е работата газдата ми исплати пет плати како аванс и ми рече: „Кире, ти не ќе можеш да се вратиш на работа“.

Повеќе прочитајте на Нова Македонија

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1