Жељко и Јована Јоксимовиќ заробени во Абу Даби!


Јована и Жељко Јоксимовиќ доживеале малер на патот за Сејшелите! Имено, прво летот од Белград им доцнел 24 часа, па им се загубил багажот, за да на крајот им забранат да го напуштат аеродромот, пишува српски „Курир“.

zeljko-joksimovic-jovana-joksimovic

Кога популарната брачна двојка стасала до Абу Даби, каде што требало да се качат на авион кој ќе ги однесе до Сјшелите, останале заробени на аеродромот. Авионот им заминал, куферите им се изгубени, така што се принудени да чекаат друг лет, па поради та причина биле сместени во хотел на самиот аеродром, кој не смеат да го напуштаат бидејќи имаат само транзитна виза.

– Да знаеја Жељко и Јована дека ваков малер ќе ги следи, сигурно ќе останеа во Белград. Тие запознале Срби кои работеле на аеродромот и потоа ги сместиле во хотел – раскажал извор за „Курир“. Можно е брачната двојка и да се предомисли и да се врати во Србија, бидејќи Жељко веќе на 13 јануари го чека настап.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1