Пукање во Белата куќа- полицаец ранет, напаѓачот фатен


Полицаец од обезбедувањето на Капитол Хил беше ранет во Центарот за посетители во комплексот на Конгресот на САД. Ранетиот полицаец е поминал со лесни повреди.

Според последните информации од полицијата напаѓачот е приведен. Полицаецот врз кого било пукано е лесно повреден.Капитол и Белата куќа беа блокирани од полицијата поради потенцијална закана за безбедноста.bela kula

Полицаец од обезбедувањето на Капитол Хил кој сакал да остане анонимен за Reuters рекло дека напаѓачот бил превезен во болница. Не го кажал неговиот идентитет, и додал дека нема други осомничени.На вработените на Капитол Хил и на луѓето околу зградата им е порачано да побараат засолниште. Блокиран е целиот комплекс згради на Конгресот.

Ниту Сенатот, ниту Претставничкиот дом денеска не одржувале состаноци, бидејќи претставниците се на продолжен викенд поради католичките Велигденски празници. Во Конгресот во моментот на инцидентот имало мал број конгресмени.

По извештаите за истрелите на Капитол Хил, исто така, биле блокирани сите влезови и излези на Белата куќа, јавија агенциите. Истовремено, телевизиската мрежа CNN јави дека едно лице се обидело да продре на територијата на Белата куќа, но било уапсено.Тајната служба по инцидентот привремено го забранила пристапот за туристи околу Белата куќа, но ситуацијата набрзо е нормализирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1