Пукање во Бутел, едно лице повредено


Едно лице е повредено попладнево при пукање во скопски Бутел, во близина бараките кај старата општина.

pistolКако што јави порталот Курир извесен Ј.Р. со пиштол пукал кон 26-годишниот О.Х. повредувајќи го во десната нога на паркинг простор на улицата „Босна и Херцеговина“. Повредениот итно бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што неофицијално дознава порталот, напаѓачот веднаш избегал со црвен автомобил и бил вооружен.

Од СВР Скопје во изјава за Курир го потврдиле настанот истакнувајќи дека имаат осомничено лице кое полицијата го бара, а повеќе детали најавуваат за утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1