Еден од напаѓачите, кои отворија оган во близина на Парламентот во Отава и во самиот објект, беше убиен во престрелка со полицијата, јави канадската телевизија Си-Би-Си.
Напаѓачот бил убиен во зградата на Парламентот. Полицијата е во потрага по неколкумина други вооружени лица, од кои едниот најверојатно се наоѓа на покривот од зградата, која се наоѓа во центарот на Отава.
Во меѓувреме, канадската полиција соопшти дека се регистрирани истрели од огнено оружје и во трговски центар во близина на Парламентот.