Нов опасен вирус во Македонија – бебе и дете во тешка состојба на Клиниките во Скопје


18 месечно бебе и три годишно дете со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, дознава zdravstvo24.mk. Информацијата  ја потврдија од Клиниката од каде изјавија дека децата 5 дена се на Детска и биле примени во тешка здравствена состојба. Но, по неколку дена има подобрување иако се уште се под строг здравствен надзор.

И двете деца се од Скопје. Засега нема информација каде биле каснати од заразен комарец. Децата имале тешки и некарактеристични симптоми кои го напаѓале нервниот систем. Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје.

infektivna1

Инаку ова не е прв случај на западнонилска треска годинава на Клиниката за детски болести. Кон крајот на август на одделот за Неврологија беше и седумгодишно девојче кое вирусот го добило од инфициран комарец кога било на одмор со родителите во Грција. Изминатите години во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи поради компликации предизвикани од западнонилската треска.

Болеста не може да се пренесе од човек на човек. Вирусот се пренесува преку заразени комарци. 80 отсто од случаите на инфекција поминуваат без симптоми, додека кај 20 отсто од случаите се развива болест со благи симптоми, кои наликуваат на настинка или грип. Ретко може да се развие тешка болест со симптоми на менингоенцефалитис, односно воспаление на мозочните обвивки и мозокот. Најризични категории се старите лица, децата и луѓето со слаб имунитет.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1