Во непосредна близина на Ветеринарната станица во Велес денеска е пронајдено 23 годишно момче застрелано со огнено оружје во пределот на градите.
Како што информира за МИА, Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, полициска екипа на СВР Велес е на местото на настанот и работи на расветлување на случајот.
Според првичните сознанија до кои дојде Дума.мк се работи за за момче од село Бузалково на возраст од 23 години по име Адил. Го открил татко му во камп приколка на плац за дрва во Велес.