СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(26) од Скопје, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-На 03.07.2014 година, во Скопје во нас. Бутел, во патничко возило, управувано од познат скопски адвокат, во кое бил и пријавениот на кого адвокатот му бил законски застапник, пријавениот Ф.Љ. со пиштол испукал еден куршум повредувајќи го оштетениот во пределот на ногата. Откако адвокатот го истуркал од возилото, пријавениот испукал уште три куршуми кон него, но не го погодил, информираат од полицијата.
Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка „домашен притвор“.