Пукано во олимписки шампион – го изгубил окото, во критична состојба е


Noe Hernandez е во критична состојба. Освојувачот на сребрен медал во одење на олимпијадата во Сиднеј 2000 е ранет во ноќен клуб во инцидент во кои двајца се убиени.

Noe-Hernandez34 годишниот Ное се здобил со прострелна рана во главата во клуб во централно Мексико  од страна на тројца напаѓачи кои влетале во клубот и почнале да пукаат. Убиле двајца и раниле неколкумина меѓу кои и олимпиецот.

Пукањето се случило во местото Лос Рејес Ла Паз кое е на 30 километри од главниот град Мексико Сити.

Тој е веднаш пренесен во болница, го загубил едното око и сеуште е во критична состојба. Досега е опериран три пати.

Олимпиецот е сега секретар за спорт во владеачката институционално револуционерна партија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1