Силна експлозија и облак прашина од детонација на бомбата тешка 250 килограми со експлозибно полнење од 160 килограми ТНТ.
25 денови бомбата стоеше на отворено, откако беше пронајдена при ископ на темелите на новиот погон на фабриката за автобуски делови Ван Хол.
Контролираната експлозија која ја извршија припадници на АРМ во соработка со стручни пиротехничари не предизвика никакви материјални штети по околните објекти.
Сопственикот на фабриката „Актива“ кој стравуваше дека ќе бидат раштимани ласерските машини поради што утринава беше запрена акцијата е задоволен од ефикасноста на уништување на проектилот.
АРМ се одлучи за детонирање со опшивање на бомбата со динамит чија експлозивна моќ е насочена кон проектилот, со што двете полнења се неутрализираат едно со друго.
– Тимовите на АРМ извршија приспособување на пронајдената локација во фугаса со длабочина од 4 метри и ширина од 2 метри, со цел да се намалат ефектите од површинска екплозија-изјави Љупчо Георгиевски, припадник на АРМ
Според информациите од терен, а потврдени од првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, ударниот бран од експлозијата бил амортизиран до таа мера што нема скршен ниту еден прозорец на некој стопански капацитети во непосредна близина.
Единствено видлив беше облакот прашина кој за кратко време исчезна.
Пред самиот чин на детонација, ЕВН го исклучи напојувањето со електрична енергија во овој дел од градот.