Пукотници пред седиштето на Јутјуб – Најнови детали


Полицијата во северна Калифорнија соопшти реагира на пријава за инцидент со вооружен напаѓач во седиштето на компанијата Јутјуб. Засега нема информации забројот на мртви или повредени.

Огнени истрели биле пријавени од страна на вработените на компанијата во Сан Бруно, јужно од Сан Франциско.

Возила на итната медицинска помош се на местото на настанот, а властите предупредија граѓаните да ја избегнуваат таа област.

Гугл, кој го поседува Јутјуб, соопшти дека го испитува можниот „инцидент со огнено оружје“.

Непотврдени извештаи од локалните медиуми велат дека напаѓачот е жена, иако на социјалните мрежи циркулира фотографија од маж, за која се вели дека е направена од камера во лифт на зградата.

Во седиштето на Јутјуб работат околу 1.700 луѓе. Гугл вели дека се координира со властите и оти ќе даде повеќе информации кога тоа ќе биде можно.

Вработените во компанијата по социјалните мрежи велат дека дел од нив во паника ја напуштиле зградата, сепак, некои од нив останале забарикадирани во некои простории.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1