3 лица загинаа, а еден е тешко повреден по пукотници во центарот на Брисел, јави БТА. Над десет лица добиле лекарска помош, откако станале очевидци на инцидентот биле во шок.
Повеќекратното убиство, за кое се претпоставува дека е извршено од антисемитски побуди, наиде на остра осуда на политичките лидери и јавноста.
Трикратното убиство се случи на ден пред одржувањето на европските и национални избори во Белгија и три дена пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, во вторник.