Пукотници во центарот на Брисел – 3 загинати


3 лица загинаа, а еден е тешко повреден по пукотници во центарот на Брисел, јави БТА. Над десет лица добиле лекарска помош, откако станале очевидци на инцидентот биле во шок.

briselБелгиската полиција уапси лице осомничено за убиството на 3 лица во Еврејскиот музеј во Брисел. Според очевидци, убиецот во музејот пукал врз посетителите и убил две жени и еден маж, додека четвртото лице тешко го повредил, по што побегнал со автомобил.Минувачите успеале да ги забележат броевите на табличките, така што полицијата набрзо го пресретнала автомобилот и го уапсила напаѓачот, чиј идентитет не е соопштен.

Повеќекратното убиство, за кое се претпоставува дека е извршено од антисемитски побуди, наиде на остра осуда на политичките лидери и јавноста.

Трикратното убиство се случи на ден пред одржувањето на европските и национални избори во Белгија и три дена пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1