Премиерот Груевски повикува да ги тагирате убавините на Македонија (Видео)


На сајтот сите туристи или луѓе ширум светот ќе можат да видат што им нуди Македонија, од традиционална храна како тавче гравче, до топлината на луѓето, културата и прекрасната природа

gruevskiПремиерот Никола Груевски ги повика сите корисници на друштвените мрежи да се вклучат во он-лајн кампања во која ќе се промовира убавината на Македонија. Идејата, вели премиерот, во реткото видео во кое тој наместо за политика, зборува за хаш-тагови, е да се соберат сите фотографии, видеа и постови за убавината на Македонија на едно место ShareMacedonia.com. На сајтот сите туристи или луѓе ширум светот ќе можат да видат што им нуди Македонија, од традиционална храна како тавче гравче, до топлината на луѓето, културата и прекрасната природа, пренесува Вечер.

Доколку имате фотографии и видеа од убавата Македонија, се што треба да направите е да им додадете #sharemacedonia во описот, без врска дали се постови на Facebook, YouTube, Instagram или Twitter, и тие автоматски ќе бидат агрегирани на ShareMacedonia.com сајтот, кој беше стартуван при крајот на ланската година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1