„Пушев до 70 годишна возраст и се уште уживам во пијалокот!“- Здраствени совети од 109 годишниот кој штотуку стана најстариот човек во Велика Британија
-Ралф Тарант ја зеде титулата по смртта на 110 годишниот Рег Дин
-Пра пра дедото од Шефилд роден во 1903 година
-Тој и неговата сопруга биле најстарата брачна двојка во Велика Британија. Неговата сакана починала минатата година.
Неговата сопруга Пхилис починала на 102 годишна возраст, а господин Тарант вели дека тајната за долг живот е уживањето во пороците.
„Останете активни и заинтересирани. Нема потреба да се живее премногу внимателно“, вели Тарант.
И двајцата ги преживеале двете светски војни и виделе 24 премиери како доаѓаат и си заминуваат.
Еден поранешен свештеник порано му дал мистериозен еликсер и му рекол дека доколку го испие ќе живее засекогаш.
„Ова е резулатот на тоа“, вели Тарант
Тарант бил поранешен човек задолжен за осигурувањата, кој се пензионирал во 1968 година, вели дека до ден денес ужива во задоволствата кои го држат во живот.
„Јас сум стар, но тоа и не е толку тешко. Уживам во шопингот и готвењето. Кога може, оди на долги прошетки, а од неодамна почна да користи и бастум.
Претходно се движел сосема нормално. Со неговата сопруга ги посетил САД осум пати.
Ги прошетал Југославија, Унгарија, складиштето на Хитлер во Австрија и неколку грчки острови.
„Со мојата сопруга во подоцнежните години пропатувавме повеќе отколку кога бевме во младешките години“, вели Тарант.