Пушки и коктели: Еве како изгледа Фејсбук профилот на 20-годишниот бомбаш самоубиец од Париз (ФОТО)


20 годишниот Билал Хадиф, јавно пред своите соученици ги поддржал нападите врз „Шарли Ебдо“ по што неговата професорка, Сара Стацио  била сериозно загрижена.

Бомбашот самоубиец Билал Хадиф, еден од тројцата кои се разнесоа пред стадионот во Париз, објавувал свои фотографии со оружје на Фејсбук, со коктел во рацете и банкноти околу него.momce-terorist_.jpg500

Хадиф е осомничен дека отпатувал во Сирија за да се бори за Исламската држава, каде бил познат како „Абу Муџахид Ал – Белгики“ и „Билал Ал Моухајир“ тврди Гај ван Билерден, белгиски експерт за тероризам.

Земјата ја напуштил само недела дена по нападот на „Шарли Ебдо“. Година дена подоцна, на интернетот објавил  фотографија со калашников. Неговиот профил на една социјална мрежа е архивиран,а содржи објави од 2013 година помеѓу кои и една на која пишува „Еб* ја  полицијата“.hadif1

Последнава година во училиштето почнал  да се интересира за политика. Прекинал да слуша  музика зборувајќи дека тоа е забрането, а гласно го подржувал Боко Харем, нигериска исламистичка група.

Кога ги подржал нападите на „Шарл Ебдо“ во јануари неговата наставничка Сара Стацино станала многу загрижена: „Кажа дека тоа што се случило е сосема  во ред бидејќи магазинот ја навредил неговата религија“ изјавила таа за белгиското „Радио Уан“.hadif

Сепак, нејзиниот обид да ги предупреди другите не наидоа на разбирање, а само недела дена подоцна ја напуштил земјата и се приклучил на ИСИС.

Хадиф, Французин со мароканаско потекло кој живеел во Белгија, беше еден од тројцата бомбаши   кои се обидоа да влезат на „Стадион де Франс“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1