„Пусикет долс“: Бевме во кругот на проституцијата


Скандалите што владеат во Холивуд последните денови изгледа станаа добар поттикнувач за оние што досега молчеа за вистините што со себе ги носи таинствениот шоубизнис.

По скандалот со продуцентот Харви Вајнстајн, кој последните три децении злоупотребувал познати актерки и манекенки, се огласи пејачката на женскиот бенд „Пусикет долс“, која откри дека членките на групата билe само параван за проституција.

– Ова е мојата вистина. Јас не бев членка на женскиот бенд. Бев во кругот на проституцијата. На многумина им изгледаше дека ние сме тука само за да пееме и да бидеме популарни, а, всушност, секој што нè поседуваше, само профитираше од тоа – нагласила Каја Џонс, која долго била дел од поставката на оваа светски популарна група.

Меѓутоа, тука не бил крајот на исповедта што ја објавила на Твитер.

„Ако сакаше да бидеш дел од тимот, требаше да бидеш тимски играч. Тоа значи дека требаше да спиеш со секој со кој тоа го бараат од тебе“, изјавила членката што го напуштила бендот во 2005 година. Таа открила дека во кругот на проституцијата била вклучена и главната членка и пејачка на бендот Никол Шерцингер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1