Пуста сиромаштија: Македонци во Легијата на странци и на црнчење во странство


Сиромаштијата и неможноста (незаинтересираноста) да се најде работа во земјава се главните фактори зошто значителен број граѓани лебот го бараат во европските земји, но и во небезбедни подрачја, подрачја каде не вирее зеленило, а камоли да има услови за населеност на луѓе. Според Иван Шварц Стевковски од Скопје, посредник за сезонски работни ангажмани во странство кој тоа го работи веќе 20 години, а во последната година е активен преку Интернет страницата работа-бизнис-профит, најновиот тренд меѓу Македонците е Легијата на странците, пишува Фокус

legija stranci– Тоа е сега хит меѓу припадниците на специјалните сили кои што се расформираа бидејќи во Легијата на странците не може да оди некој кој не е психофизички подготвен на таков напор. Платите во Легијата на странците не се големи, но по 15 години служење, нејзините припадници добиваат француско државјанство и солидна пензија. Нашите одат заради тоа, коментира Стевковски.

Тој вели дека работата на нафтени платформи, на бродовите за крстарење, но и за ловење краби, како и на плантажите се најбараните работи во последните неколку години, а најзаинтересирани се лицата на возраст од 18 до 30 години. Норвешка, Германија, Швајцарија и Грција и во последно време и Арапските емирати, според неговото искуство се најбараните дестинации за работа.

– Се работи по 12 часа, некогаш тоа е и тешка физичка работа, која не нуди напредок во кариерата, но нуди солидна заработувачка. Тоа што Македонците одбираат да работат вакви работи во странство иако можеби нешто слично им се нуди и тука е поради сигурноста на договорот со работодавецот, исплатата на заработените пари, што кај нас не е случај, смета Стевковски.

На прашањето какви кадри бараат странските земји од земји како Македонија, тој вели:

– ИТ експерти, лекари, електро и машински инжењери, како и стручњаци од областа на менаџментот. Правници и економисти не сакаат.

 стотици Македонци одат на тримесечна работа на плантажи во Грција, работат во хотели и во ресторани, стотици Македонци ја ставаат главата на коцка на нафтени платформи, работат како бравари, заварувачи, електричари во небезбедни воени подрачја, како Ирак и Авганистан.

Од друга страна, пак, странска компанија пред извесно време на македонскиот пазар на труд побара 3.000 заварувачи за плата од 2.000 евра. Компанијата не успеа во намерата да регрутира толку работници бидејќи во земјава ги нема во толкав број. Пред неколку години Џонсон контролс бараше неколку стотини информатичари. Меѓутоа и тогаш се соочија со истиот проблем – недостиг на квалификуван кадар во толкав број. Македонска винарија пред две-три години бараше педесетина работници за годишен ангажман на нејзините плантажи за просечна македонска плата. И винаријата не можеше да собере доволен број таква потребна работна сила во тој период.

Целата сторија на Фокус

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1